ПАПАС, покрај основните инженерски и изведувачки услуги, активно се занимава и со инвестиции во градежни проекти, со фокус на развој на современи и квалитетни објекти за домување.
Зад себе веќе има висококвалитетни градби кои ја одразуваат нејзината посветеност на детали, функционалност и трајна вредност. Со јасна визија и континуиран развој, компанијата и во иднина планира да го проширува своето присуство во оваа област, создавајќи препознатливи и сигурни објекти.